Заканите и воинствената реторика на српските официјални претставници поради случајот со воз од Белград до Косовска Митровица, не водат никаде.

Ова го изјави албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати. Тој истакна дека Србија и Косово треба да ги решаваат проблемите меѓу себе преку дијалог.

Според Бушати „воено поттикнувачките лидери на Србија“ со своите настапи предизвикаа огорченост во Европа, Албанија, но и меѓу самите Срби. Тој смета дека напаѓачката реторика треба да се намали, за да преовладува смиреността и разумот.

5249857Белград испрати воз до Косовска Митровица со цел да воспостави железничката врска со српската заедница во Косово. Возот сепак стигна до границата со Косово и беше вратен назад, откако Приштина предупреди дека нема да го дозволи на своја територија и ако треба ќе употреби сила за да го спречи тоа. Косово исто така изјави дека Србија не се консултираше со Приштина за намерата да го испрати возот.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO