Косовскиот претседател Хашим Тачи вели дека „целите на Србија денеска се идентични со оние на Слободан Милошевиќ во 90-тите години“. Тој го изјави ова како коментар на изјавите на својот српски колега Томислав Николиќ дека неговата земја е подготвена да испрати војска на Косово,

„Косово има интерес од дијалог и нормализација на односите, а заканите за војна се неприфатливи“, посочи уште Тачи во Фејсбук.

Тој исто така изрази задоволство од избегнувањето на напрегнатост во политичката ситуација и безбедноста во земјата и регионотдо  кое било попречено нелегалното влегување на српскиот пропаганден воз на косовска територија

Претседателот, исто така, посочи дека земјата ги почитува слободата на движење на стоки и луѓе, но нема да толерира провокации.

Тачи напиша и дека се надева српските власти да го сфатат дека нивните активности се нелегални и се против духот на дијалогот и соработката во регионот.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO