Бевме на работ од избувнувањето на војната. Албанците сакаат војна. Ова го изјави српскиот претседател Томислав Николиќ по состанокот на Советот за национална безбедност по повод инцидентот со српскиот воз кој тргна вчера од Белград за Косово, но се врати назад ноќеска откако не успеа да пристигне до град Митровица, во северниот дел на Косово.

Според Николиќ „секој нареден обид на косовските институции во Приштина да предизвикаат судир ќе заврши многу лошо“. „По ова прашање ајде да се замислат како самите Албанци, така и нивните спонзори“, рече уште српскиот претседател.

Потсетуваме дека возот кој вчера наутро појде од Белград за косовскиот град Митровица се врати назад во српската престолнина во 5.00 часот утринава по македонско време.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO