Централната станица во српската престолнина Белград е целосно преземена од изгладнели и нечисти мигранти. Над 2000 мигранти се обидуваат да преживеат при екстремно ниски температури. Термометрите овие денови паднаа до минус 16 степени.

Огромниот дел од мигрантите се на возраст од околу 18 години, но меѓу нив има и деца на 7-8 години. Тие се обидуваат да се затоплуваат, палат огнови со какво најдат околу станицата. Од меѓународната хуманитарна организација „Лекари без граници“ предупредија дека Белград може да се претвори во новото „Кале“ за мигранти во Европа.

Во моментов на територијата на Србија има околу 8 000 мигранти, кои не можат да продолжат патот кон Европа.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO