
Турските власти уапсија двајца кинески државјани во врска со масовното пукање во ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул на Нова година.
Осомничените се претставници на Ујгурите – турска народност населена во Северозападен Кина. Се смета дека тие се поддржувачи на групата „Исламска држава“.
Омар Асим и Абулези Абудухамити се уапсени под обвинение за членство во терористичка организација, купување на нелегално оружје и соучество во убиството на 39 лица.
Сторителот на делото уште се трага. Се смета дека тој е исто така дел од Ујгурите.
Најмалку 35 лица се приведени досега во врска со атентатот.
За нападот одговорност презеде „Исламска држава“.
