Поранешниот шеф на обезбедувањето на Реџеп Ердоган беше уапсен во провинцијата Анталија, соопшти агенција „Доган“.

Максут Карал е обвинет дека членува во терористичка организација и дејствувал во нејзино име. Се има предвид на организацијата ФЕТО поврзана со исламскиот проповедник Фетхулах Гулен кој живее во егзил.

Карал беше началник на обезбедувањето на Ердоган, кога тој беше премиер. Од октомври 2016 година официјално е пензиониран. Претходно беше приведен од полицијата под сомневање за измами си скапоцени метали, но беше пуштен без покренати обвиненија.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO