
Словенија би можела да ѝ ја саботира на Хрватска туристичката сезона во случај Загреб да одбие имплементација на одлуката на арбитражниот суд за Пиранскиот Залив, рече словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец по словенечката телевизија Студио сити.
Ако тоа прашање сѐ уште биде отворено и ако арбитражната одлука не биде имплементирана, ќе има тешкотии на границите за странските туристи и веќе кажав дека тој проблем нема лесно да се реши, изjави Ерјавец.
