
Софиското окружно јавно обвинителство нареди проверка на информациите за објавените фотографии на интернет страницата на 51-вото училиште „Елисавета Багряна“ во Софиjа, соопштија од прес-центарот на обвинителството.
Во социјалните мрежи пишува дека фотографиите се на директорот на училиштето – Асен Александров, кои се со дефинитивно порнографска содржина.
Освен дека Александров е директор на 51-вото СОУ од години, тој е и експерт на Министерството за образование.
Според првичните податоци трите слики биле поставени на сајтот на школото на 5 јануари и досега се изгледа дека се автентични. Иако останале во мрежата за многу кратко време, поголемиот дел од учениците и наставниците ги симнале на нивните компјутери и телефони.
Во текот на проверката обвинителството ќе потврди и автентичноста на сликите, како и кој е нивниот дистрибутер. МОН исто така, прави проверка по скандалозниот случај.
По завршувањето на истрагата ќе биде оценето постоjат ли доволно податоци за извршено злосторство од општ карактер, за обвинување, како и по кој текст од Кривичниот законик.
Родители категорично поддржат директорот на 51-вото училиште Асен Александров по скандалот со распространети голи слики. Според нив сликите се манипулација и ширењето им е намерен напад против него.
