Проектот Скопје 2014 jа преплави македонската престолнини со секакви споменици. Подигнати беа статуи на византискиот импреатор Jустиниjан, на српскиот цар Стефан Душан, та дури на капетан Димитар Беровски – бугарски офицер, херој од Српско-бугарската војна. На нивната позадина се издвојува недостатокот на споменик не една неспорна хероина – Мара Бунева. Засега таа треба да се задоволи само со восочна фигура.

Зошто на Бунева на беше поставен споменик?

Нема македонски политичар, лев или десен, или историчар – традиционален или модерен, кој да не го отценува режимот на кралска Југославија како суров и тирански. Објаснувањето дека таа била терористка звучи прилично смешно. Мара Бунева не киднапирала американска мисионерка, ниту експлодирала  банки или бродови –  дела извршени од борци на кои денеска во Скопје им креваат споменици. Мара Бунева била млада, образована и убава, но го избрала патот на саможртвата. Убила  докажан злосторник, по што се самоубила. Но за неа нема споменик. Зошто?

Да jа погледнеме мисловната слика изградена од родителите и учителите во умовите на повеќето современи Македонци. И без да знаат многу за историјата, тие ќе ви кажат дека:

  1. Низ вековите постоел македонски народ, кој зборувал на македонски јазик.
  2. Соседните земји и народи се обиделе да го окупираат и асимилираат.
  3. Секој од овие народи користел различни методи. Бугарите прво jа користеле Егзархијата, подоцна организации на одродени, побугарчени Македонци.
  4. Во 1913 година Бугарија, Србија и Грција си jа поделиле Македонија и секоја од нив го репресирала народот во својот дел.
  5. Во Втората светска војна Бугарија се сојузила со Нацистичка Германија за да jа освои цела Македонија, но македонскиот народ водел Народно ослободителна војна.
  6. Во 1944 се остварил вековниот сон на македонскиот народ, да има своја држава и да пишува и чита на својот јазик.
  7. Србите признале дека македонците се посебен народ и престанале да ги асимилираат.
  8. Бугарите исто така во почетокот го признале македонскиот народ, ама подоцна се откажале од признавањето и повторно почнале да ги угнетуваат Македонците во Бугарија.
  9. Во СФРJ Македонија живеела слободно и среќно со другите југословенски народи. Во 1991 таа само се „осамостоила“.
  10. До ден денешен Бугарите jа негират самобитноста на македонскиот народ.

Се разбира ова слика нема никаква врска со реалноста.Доволно е само некој Македонец да почне да се сомнева и во неговата свест таа ќе се сруши како кула од карти.  Но додека речиси религиозно верува во неа, оспорувањето буди акутна емоционална реакција.

Мара Бунева не е сакана во денешна Македониjа зашто со целиот свој живот и со својата врховна саможртва jа уништува оваа слика за светот.

Бунева е родена во почитувано семејство во Тетово. За време на бугарската администрација за време на Првата светска војна нејзиниот татко е градоначалник. Тогаш Мара е тинејџерка. Таа е ученичка во трговската гимназија во Скопје. Како градоначалничка ќерка најверојатно имала самодоверба. Растела со очекување дека Македонија ќе остане дел од Бугарското царство. Кога доаѓа до пораз таа бега во Бугарија. Студира во Софискиот универзитет.Се мажи за офицер. Ова не е единствената судбина. Како неа, во Бугарија бегаат десетици илјади, вклучувајќи ја и мојата баба. За повеќе од нив изгубениот роден крај останува како една отворена рана. Но повеќето продолжиле со својот живот.

Мара не може да се помири со трагедијата на оние кои останале во Вардарската бановина и решила да се жртвува за нив. Се враќа во Скопје, работи во близина на домот на Прелиќ – правен советник на Скопје и бил одговорен за Скопскиот студентски процес.Долго го чекала погодниот момент.

По доаѓањето на бугарската администрација во 1941 на  кеjот на Вардар, каде таа го убила Прелиќ била подигната спомен-плоча. Нејзините родители присуствувале на почесната церемонија. Кон крајот на 1944 плочата била  уништена по наредба на Лазо Колишевски.

Традиционалната македонска историографија свесно ги поставуваше борците против Отоманската империја во категоријата на „добрите“. Тие биле вистински Македонци. Тоа што се одредувале како Бугари не било значаjно. Нивните следбеници кои се бореле против Србите за време на кралска Југославија сепак биле „лоши“. Тие биле „одродени“, побугарчени Македонци кои биле користени од Бугарија за да биде асимилиран македонскиот народ.

Некои модерни македонски историчари и политичари се обидуваат да ги рехабилитираат борците против српскиот терор и така за една долга листа на историски личности  се започна јавен спор. Но доминантната митологија  го доведе спорот до расправија дали некој бил „добар“ бидејќи „всушност“ бил Македонец, или лош,  зашто бил „побугарчен“. При откривањето на споменикот на Тодор Александров, советници од СДСМ во општинскиот совет на Скопје скандираа: „Бугари, Бугари, Бугари“. Советниците на ВМРО ДПМНЕ пак контрираа дека Тодор Александров не бил никаков бугарин … Бидејќи бил од Штип и (барем по 1919) се борел за назависна Македонија…

Мара Бунева никако не се вклопува во мисловната слика наповеќе од  современите Македонци. Таа ниту може да биде „дебугаризирана“, ниту може да биде прогласена за „одродена“. Никогаш не покажувала дека ги мислела  Бугарите за странци. И никогаш не се одделила од животот и судбината на своите сограѓани. Се вратила меѓу нив и се жртвувала за нив.

Во 20-тите години во Вардарска Македонија имало жестока српска окупација и очаен бугарски отпор. Животот и смртта на Мара Бунева се‘ дел од оваа епска борба. Целиот нејзин живот ги руши митовите со кои пораснале повеќето денешни македонци. Затоа прославата на нејзиниот подвиг сигурно ќе продолжи  да вознемирува многумина.

Пред неколку години на на церемониjата за Мара Бунева се дојде до грди сцени и дури тепање. Секоjа години гневни „патриоти“ jа кршеа плочата поставена на место на неjзиниот подвиг од македонски Бугари.

Сигурно нема скоро да престанат и обидите Мара Бунева да биде „помакедончена“. Од неколку години на Кеjот беше поставена втора плоча, украсена со Ѕвездата од Виргина – симбол кој Бунева никогаш не го видела и колку да се поврзува со претензијата за континуитет со античките Македонци, едвај би го одобрила.

Минатото е единственото нешто на светот што не можеме да го промениме. Колку и силна да е верата во некој лажен мит, фактите полека и сигурно го разложуваат. Бугарите не можеме и не смееме да заборавиме за херојството на Мара Бунева. Но  поклоните треба да бидат спроведени смирено, тие не смеат да бидат повод за шумен национализам. Мора да jа сфатиме мисловната свест на многумина од денешните Македонци и да им помогнеме со достоинство и колку што може повеќе безболезно да излезат од митолошката слика насликана за да се jа легитимира власта на Тито, Темпо, Лазо Колишевски и нивните крвави ортаци.

Мара Бунева, како и целата наша заедничка историја од Св. Климент до Венко Марковски припаѓа и на Македонија и на Бугарија. Тоа е наследство кое не може да се раздели, но треба да се споделува.

Сонувам за денот кога на  кеjот ќе биде подигнат скромен споменик. И претседателите на Бугарија и Македонија заедно ќе положат  цвеќиња во спомен на хероината. А зошто таму да не дојде и српскиот претседател, за да се извини за злосторствата некогаш извршени од кралска Србија и кралска Југославија спрема македонските Бугари.

Како што е познато соништа се бесплатни.

Автор: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO