Хрватскиот претседател Колинда Грабар Китаровиќ смета дека новиот американски претседател Доналд Трамп ќе се фокусира првенствено на проблемите во Сирија, Ирак, Иран и врз односите со Русија.

Изјавата дојде по нејзината 10-дневна посета на САД. Во емисијата „Зад завесите“ на државната телевизија ХРТ Китаровиќ соопшти дека со советниците на Трамп за надворешна политика зборувала за местото на Хрватска во политиката на САД и за односите на властите во Загреб со соседните земји.

„Со советниците за надворешна политика на Трамп разговаравме како Хрватска ќе го најде своето место, разговаравме за позициите ни по отворените прашања со соседите, за односите ни со соседните земји и нивната интеграција“, истакна Колинда Грабар Китаровиќ.

Од разговорите сфатив дека за администрацијата на Трамп Југоисточна Европа и Хрватска нема да бидат меѓу нејзините големи приоритети, бидејќи таму нема војни и превирања, прецизира Китаровиќ и додаде: Тие ќе се фокусираат на Сирија, Ирак, Иран и односите со Русија. Поради оваа причина е неопходно да се укаже на Југоисточна Европа. Зашто, ако САД и ЕУ изгубат фокусот, има голема веројатност да се дојде до уште поголема компликација во односите меѓу одделните земји и процесот за пристапување кон НАТО и ЕУ на нашите соседи да се забави уште повеќе „.

„Хрватска е обврзана да се позиционира како соговорник, како соседна земја која може да придонесе и да работи за стабилноста и безбедноста во регионот“, заклучува хрватскиот претседател.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO