Не можам да се согласам со толкувањата, ниту со изрекувањето само на делови од вистината, дел од вистината не е е самата вистина! Тоа што сам по себе еден историски факт е верен (вистинит) не го го претвора во единствената причина и објаснување на самата приказна! Страшно е кога вистината стане инструмент на лагата! Јас не барам спор со авторот на статиите ʺГенијот Мисирковʺ, ʺМакедонската граѓанска војнаʺ и ʺТрагичниот судир ВМРО-БЗНСʺ,напротив пофално е да се кажуваат малку познати факти , но е потребно и да се кажува целата вистина. Мојата цел е не друга, а да фрлам светлина со што ќе ја дополнам сликата.
Г-н Василев ја поддржува тезата на Мисирков дека решението на македонското прашање лежело во согласноста меѓу Софија и Белград, тоа покажува целосна неразбирање на бугарската кауза во Македонија, која е во нај-висока степен е борба за луѓето и нивните права, а не за територија. Токму поради тоа е барањето Македонија да е желокупна не поради нејзиното земјиште туку заради луѓето за да не бидат пожртвувани за пореден пат. Тоа јасно се гледа од бугарските активности, се жртвува цела источна Тракија, и бугарското и население во името на целокупна Македонија! Недоразбирање што и самиот Мисирков очигледно го спделувал и што го направило неспособен да ги предвиди дури настаните през војните.Сличнии логички и дипломатски размислувања се инсинуираат и во други два текста на Василев, но нека да се фокусираме над тоа, генијален ли е Мисирков.
Пророштвата на Мисирков се обистиниле не како резултат на еден еволутивен, осознат и со природен развој (процес) на некаква македонска самосвест (идентитет), кој ако беше поминал така безусловно би го признал македонскиот идентитет како гранка од бугарското национално тело. Уште помалку како некакво общонародно течение кое изкристализирало во национално самоопределување, како што ни сугерираат некои редови од друга статија на истиот автор каде што тој зборува за помладата генерација на 30 тите што зборувало на локален дијалект и била вовлечена од интернационализмот. Ј.Чктров творец на МПО забележува дека сите зборувале литературен бугарски јазик, а за Вапцаров и Марковски нема сомнение како зборувале. Грст левичарски интелектуалци не можат да претставуваат сенародно течение и волја! А некои од нив како Венко Марковски ја сфаќаат погубността на сличен акт на одродување и се одречува од овие идеи дури ја пишува книгата „Крвта вода не станува”.
„Пророштвата“ на Мисирков се обистиниле со цената на многу крв, психички и физички терор над населението на Македонија. Тоа отсуствува во текстот за ʺгенијот Мисирковʺ и е споменато меѓу другото во текстот за граѓанската војна. Очегледно е дека при такво разминување на процесите совпаѓањето на резултатите е случајно и нема како да му се пресуди награда за научност и генијалност на Мисирков.
Како пророк-претходник на македонската нација Мисирков го гледаат само стипендијанти на српскиот крал, а дека тој е Бугарин со немирен и збунет ум е бескомпромисно докажано во брошурата на г-дин Никола Велев напишана на послучајшестиот меѓународен конгрес за словенски студии, одржан во Прага во 1968. Делови од неа може да се види тука.
„Често од одреден народ историските услови бараат или коренити промени на народните идеали, кореннен пресврт на идеалите во друга насока или му се заканува целосно уништување“. Денес иако случајно зборовите на Мисирков се вистинити за разлика од времињата во кои ги напишал и тука целосно се согласувам со авторот Василев.
Токму овој избор на идеали е денес најголема борба во Македонија и од него зависи нејзината следните.
–––––––––––––––––
Автор: Андреј Врабчев, уметник (скулптор) завршил Воена Академија во Софија ( експерт по меѓународна сигурност ), а интересите му се насочени во областа на културата, вредностите и идентичноста како фактори за развој на современото општество