Пет години без Киро Глигоров

Легендата вели дека кога основачот на современата шведска династија крал Карл XIV починал, пронашле на неговата рака тетоважа на која пишувало „Смрт на монархијата“. Таа останала од времето кога тој се нарекувал Жан Бернардот и бил француски офицер, се издигнал во воената кариера за време на Француската револуција. Швеѓаните го поканиле за свој монарх, кога Наполеон jа доминирал Европа. Но штом Бонапартистката империја почнала да се урива, Карл XIV заложил на шведскиот национален интерес, се приклучил во воjната против Наполеон и ја гарантирал иднината на посвоената си нација во следните два века. Велат дека политичарите размислуваат за следните избори, државниците – за следните генерации.

Деновиве се навршуваат пет години од смртта на првиот претседател на независна Македонија – Киро Глигоров. Познатиот македонски новинар Ерол Ризаов го дефинира како татко на нацијата. Вели дека тоj го симболизира историскиот континуитет  од АСНОМ до независна Република Македонија. Но дали со тоа Глигоров не jа довел во прашање иднината на земјата?

Всушност, тој е роден како Кирил Григоров, за време на бугарското управување на неговиот роден Штип, за време на Првата светска војна. Архивите покажуваат дека во Бугарија тогаш имало деца кои што биле крстени со имиња Киро или Кирчо. Немаме никакви причини да се сомневаме дека родителите му посакувале тој да го носи името Кирил Григоров, а не она со што тој ќе остане во историјата. Прадедо му бил свештеник на Бугарската егзархија, дедо му – член на Бугарските македонско-одрински револуционерни комитети, а татко му учел  лакерство во Велико Трново. Можеме речиси сигурно да претпоставиме дека кога Кирил е роден во мај 1917, неговите родители ги поддржувале бугарските воени усилија и посакувале неговиот роден град  да остане составен дел од Бугарското царство.

Две децении подоцна Ќирило Глигоровиќ е студент по право во ʺБеоградʺ – престолнината на кралска Југославија. Македонија е прогласена за „Јужна Србија“ и имињата на сите таму се изменети според српскиот систем на имиња. Нема никакви податоци младиот Ќирило дали имал било какви други очекувања или надежи за својот роден крај освен да остане дел од кралевината.

Во 1941 година младиот адвокат Кирил Григоров е веќе благонадежден Бугарин. Потпишал изјава дека е таков, за да практикува во Скопје – тогаш анексирано кон Бугарија. Се разбира оваа анексија не била признаена од никого, а самата Бугарија е сведена на нацистички вазал. Но нема никакви податоци Кирил да имал било какви други очекувања или надежи за својот роден крај.

Во 1943 година во Втората светска војна доаѓа до пресврт. На сите им станува јасно дека деновите на бугарското управување се изброени. Младиот адвокат ја започнува својата политичка кариера. Станува член на организациониот комитет коj свикал Антифашистичко Собрание за Народно Ослободување на Македонија (АСНОМ). На него нема осудување на „Бугарската окупација“, а се зборува за „братскиот бугарски народ“. Испеана е и песната „Изгреj зора на слободата“. Истовремено, за прв пат се објавува официјално постоењето на македонски народ и се повикува на кодифицирање на „народниот македонски јазик“.

Неколку години подоцна, власта на Тито и Темпо во jугословенска Македонија е тотална. Главните фигури од АСНОМ – Панко Брашнаров, Методија Андонов – Ченто и Венко Марковски се во затвор. Истовремено кариерата на Киро Глигоров – име што идниот претседател тврди дека сам го прифатил, за да не е ниту српско, ниту бугарско, се развива беспрекорно. Во поголемиот дел од 60-те години тој е министер за финансии на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Се движи во најблиската околина на диктаторот Јосип Броз, чија биографија е полна со исто толку пресврти, како и онаа на Киро. Немаме причина да мислиме дека за време на својот живот во „Београд“  Глигоров не мислел за својата република како за длабока провинција, која тој самиот ја надминал. Секако идниот претседател ги дознава некои од особените на новоформираниот официјален јазик на својата земја едваj кога ќе ја предводи.

Слично на маршал Бернардот, во 1991 некако неочекувано Киро Глигоров е избран за претседател на Социјалистичка Република Македонија. Во овој момент Југославија брзо се кине по рабовите си. Претседателот на Србија Слободан Милошевиќ ги одзема неколкудецениските автономии на Косово и Војводина, го сменува раководството на Црна Гора и му треба гласот на само уште една Република, за да jа доминира Југославија. Хрватска и Словенија брзаат да излезат од Белградската стапица. Настапува најбрилијантниот час на Глигоров. Заедно со босанскиот претседател Изетбеговиќ двајцата нудат трансформирање на федерацијата во конфедерација. За Словенците и Хрватите тоа е премалку, предоцна. За Србите тоа е само чекор кој ќе стави крај на Југославија и со тоа на тешко оствареното собирање на „сите Срби во една држава“. Планот е отфрлен од сите и почнува војна.

На тактичко ниво претседателот на Македонија се справува брилијантно. За чудење на мнозина Македонија избегнува крвопролевање. По референдум е прогласена независност. Глигоров успева да се договори со генерал Аџиќ за повлекување на JНА од земјата. Потоа речиси една деценија се фали дека го претворил родниот крај во „оаза на мирот“.

На стратешко ниво, сепак Глигоров доведува до тотален неуспех и носи историската одговорност за денешната криза во Македонија. За разлика од Карл XIV, кој застанува против своjот ментор Наполеон, Киро Глигоров не наоѓа сили да застане против авторитетот на своjот одамна  мртов ментор – Тито.

Глигоров не разбира дека Македонија, таква каква што била дефинирана од Светозар Вукмановиќ – Темпо, Михаило Апостолски, Лазар Колишевски и Лазар Моjсов нема шанси да опстане. Не проценува дека таа била конјуктурна формација, израсната во инкубаторот на Титова Југославија, која пак случајно останала во вакуумот меѓу Варшавскиот пакт и НАТО и добила стабилност и влијание што далеку ги надминуваат нејзините ресурси. Вистинскиот државник во Скопје требаше да му објасни на народот дека овие уникатни услови никогаш нема да се повторат. Долгорочната стабилност имаше потреба од помирување меѓу приврзаниците на оваа југословенска Македонија и нејзините внатрешни противници, како што нудеше главниот политички противник на Глигоров – Љубчо Георгиевски.  Земјата требаше да ги открие и односите со соседите. За да се случи тоа беше потребно брзо излегување од рамките на она што режисерот Дарко Митревски со право го нарекува „Нашиот наjголем фалсификат“ – целосно измислената историја, според која македонскиот народ и македонскиот јазик постоеле со векови, а според некои и со милениуми.

Еден од најблиските на Киро Глигоров – Денко Малески предлага  македонската нација наново да се формулира  – Made in Europe 1991 „.

Киро Глигоров беше свесен за овие императиви, но немаше храброст да го наметне целиот свој авторитет за да го поведе народот на Македонија, во насока во која многумина во 90-те не беа подготвени да тргнат.

Глигоров се противи сосема плашливо на почетокот на „антиквизацијата“. Споменува во некои интервјуа дека како македонци не „тврдиме дека сме потомци на античките Македонци“. Но не се објави јасно и гласно  против ѕвездата од Виргина. Не го бранеше прифаќането  на  лавот како национален симбол. Се обидуваше  да го негира очигледниот факт дека предците на огромното мнозинство од денешните Македонци се декларирале како Бугари. Само понекогаш признаваше дека: „и така да било, работите се промениле“. Според некои информации дури рекол дека „дебугаризациjата на Македонија била завршена“.Киро Глигоров не ги прифати сите со корен од Македониjа за „свои“, а само тие, кои што се откажале од бугарштината, иако некои негови блиски роднини живееа во Бугариjа како бугари. Не сфати дека Србиjа – добра или лоша никогаш повеќе нема да има капацитет да биде фактор од коj зависи иднината на Македониjа. Не оцени дека само ако има цврст грб во Бугариjа ќе го издржи албанскиот притисок.

Киро Глигоров се докажа како итар политичар кој изразуваше разбирањата на повеќе од пост-југословенските Македонци во 90-тите години на 20 век. Со право некои го нарекуваат „Стариот лисец“.

Но за татко на нацијата која да опстане во 21 век имало потребност од  многу, многу повеќе.

Автор: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO