Убиството на 39 цивили од убиец на „Исламска држава“ (ИД) во ноќен клуб во Истанбул е последното засега колење во Турција, каде такви масакри сега се случуваат во текот на неколку недели.

Извршителите може да се разликуваат, но натрупувачкиот ефект од овие ѕверства е да ги убеди Турците, дека тие живеат во една се  поисплашена и нестабилна земја. Исто така е јасно дека турската влада не знае што да направи, за да ги спречи нападите.

Веројатно тоа ќе продолжи со неослабувачка дивотија, што и да прави владата, бидејќи ИД е премногу голема и добро обезбедена, за да биде елиминирана. Групата добро се вкорени во Турција и може да користи локални екстремисти или да внесува убијци од странство, како што можеби се случи во ноќниот клуб „Реина“ и беше во случајот со нападот на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул порано во текот на годината.

Како што во Франција, Белгија или Германија не е можно да бидат прекинати нападите кога обични цивили се целите и убијците се подготвени да умрат. За нивниот успех често се обвинувани „слабости во безбедноста“, но практично никаква сигурност не може да обезбеди безбедност.

Она што го прави „тероризмот“ во Турција различен од оној во Европа или на Блискиот Исток, не е бројот на мртвите – повеќе се убивани од ИД во Багдад секој месец – а разнообразието меѓу оние кои ги вршат нападите. Пред три недели одговорност за убиството на 44 лица – главно полицајци – крај фудбалски стадион во Истанбул, беше припишано на Соколите на слободата на Курдистан (ССК), за кои се тврди дека се рака на Курдската работничка партија (ПКК). Вината за убиството на рускиот амбасадор во Анкара на 19 декември беше фрлена од претседателот Реџеп Таип Ердоган на трета група, следбениците на Фетхуллах Гулен, кои се држат за одговорни за неуспешниот обид за воен удар на 15 јули.

Сите тие се моќни групи со илјадници убедени членови внатре и надвор од Турција и ниедна од нив нема наскоро да се откаже од оваа работа. Владата во Анкара крева вообичаен шум за следење на овие различни групи до „нивните дувла“, но тоа е полесно да се каже отколку да се сврши. И ИД, и ПКК изградиле де факто моќни држави во Сирија и Ирак, нешто што би можело да се случи само поради лошо осмисленото од Ердоган учество во сириската граѓанска војна по 2011 година

ИД која предходно ја користеше Турција како транзитна точка и убежиште, сега ја осудува како непријател и ги насочува така своите напади така што  тие да предизвикаат максимални поделби. Карактеристика на турската реакција на нападите во последните две години е дека таа не доведе до национална солидарност, но, напротив, ги провоцира силите за поддршка и против Ердоган да се обвинуваат меѓусебно за создавањето на ситуација во која цвета тероризмот.

Има и друг опасен аспект на нападот против празнениците во ноќниот клуб: очигледно е насочена кон барање на сочувство или поддршка меѓу строгите исламисти. Салафитската вера се шири во Турција и обезбедува плодна почва за клетките на ИД, создадени во последните неколку години.

Ердоган упатува закани да ја скрши ИД и сириските Курди преку континуирано навлегување внатре во северна Сирија. Турските сили во близина на тврдината на ИД Ал Баб, североисточно од Алепо, но се соочуваат со силен отпор и поднесуваат значителни жртви. И покрај сите тешки разговори на Ердоган не е јасно што се надеваат да постигнат турската армија и нејзините локални сојузници во северниот дел на Сирија, каде што тие имаат неколку вистински пријатели и многу опасни непријатели. Тие се вовлечени во битка во која не можат да се надеваат на убедлива победа.

Патрик Кокборн, в. „Индипендент“.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO