Постои веројатност џихадистот, коj го извршил нападот во истанбулскиот клуб „Реина“ во новогодишната ноќ да поминал низ Бугарија и веќе да е во Србија. Тоа била хипотеза на претставници на турските тајни служби, пишуваат српски медиуми. Абу Мохамед Хорас веројатно не успеал да дојде до Сирија, бидејќи патот од Истанбул до блискоисточната земја е подолг и поради засилените мерки за безбедност од страна на турските власти веројатноста да биде фатен е поголема. Поради тоа тој се престорил на бегалец и поминал низ Бугарија.

„Навистина постои опасност терористот да избегал од Турција и во моментов да се наоѓа во Европа“, е мислењето на Оркан Драгаш од српските тајни служби.

Турските власти поставија контролни пунктови по сите гранични влезови кон Европа, се проверуваат апсолутно сите автомобили и патниците кои доаѓаат надвор од Турција. Пристигнатите на границата се проверуваат темелно, сите гранични службеници се опремени со фотографиите на атентаторот, детално се претресуваат автомобили, автобуси и луѓе. Шалтерите за пасошка контрола на граничниот премин кај Капикуле на границата со Бугарија работат при код „црвено“, сликите на убиецот се залепени на Перо и внатре во просториите.

Во новогодишната ноќ во дискотека „Реина“ во Истанбул беше извршен атентат. На насобраните околу 700 лица терорист од „Исламска држава“ отвори оган со автоматско оружје, при што уби 39 и рани 69 лица. Потоа џихадистот се измолкна со такси од местото.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO