Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај беше уапсен во Франција по барање на Србија, која го обвинува за воени злосторства за време на конфликтот 1998-99, соопштија информирани извори.

48-годишниот Харадинај беше ослободен во 2012 од Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија.

Во 2015 година беше уапсен за кратко и веднаш потоа – ослободен. Според француски извори блиски до истрагата, поранешниот началник на Ослободителната војска на Косово, беше уапсен на аеродромот Бал-Мјулуз кога пристигнал од Приштина. Министерството за надворешни работи на Косово истакна дека апсењето е извршено врз основа на меѓународна потерница издадена од Србија. Француското правосудство го започна разгледувањето на ова барање. „Ги преземаме сите мерки Харадинај да биде ослободен што е можно поскоро“, рече во Приштина косовскиот министер за правда.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO