Серија експлозии се случиле во центарот на Атина, а некои од нив предизвикале и пожари, пишува весникот „Катимерини“, цитиран од светските агенции.

Рачно изработени бомби експлодирале во адвокатска канцеларија и во канцелариите на центарот за европско уставно право, каде се разгорел и пожар. Како резултат на огнот четири лица биле блокирани во зградата, а една жена е хоспитализирана. Мети на бомбашките напади станаа и претставници на Министерството за труд, кои биле заплашувани со физичко уништување.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO