Претпоставениот терорист од „Исламска држава“, кој го извршил нападот на новогодишната ноќ во дискотека „Реина“ во Истанбул, се уште се наоѓа во градот, пишува турскиот весник. „Хуриет“.

Во моментов турските власти продолжуваат со обемната потерница, но засега без успех.

Според информации од силите за безбедност напаѓачот се крие во куќа во Истанбул, полицијата ветува дека ќе продолжи со операциите на потрагата по него. Властите веќе уапсиле десетици осомничени во врска со инцидентот. Потврдени се и бројни места за кои се претпоставува дека се центри за средби на исламисти. На едно од нив е отворен компјутер, во кој е пронајдена информација поврзана со бараниот.

Работата на властите сепак се отежнува од спротивставените изјави на некои од сведоците, според кои може да имало повеќе од еден сторител.

Во исто време продолжува да станува јавна информацијата за тоа како напаѓачот го организирал нападот. Тој се подготвувал  најмалку 15 дена, комуницирал со луѓе во квартовите Зејтинбурну, Кајшехир и Аксарај.

Претходно се појавија снимки на кои се гледа како сторителот чека автобус на станицата во Коња на 15 декември. Според други информации тој се сретнал со т. н. „Емир“ на „Исламска држава“ за Истанбул ‘лјаз Мамашарипов кој по нападот бил уапсен.

Според друг турски весник сторителот со кодно име Ебу Мухамед Хорас најмил куќа во Истанбул три дена пред нападот.

Вистинскиот идентитет на сторителот се уште не е откриен, но според вицепремиерот Вејси Кајнак тој „најверојатно е Ујгур“.

При нападот, извршен на Нова година во еден од најпопуларните турски ноќни барови, загинаа 39 лица, а други 69 се повредени.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO