
Грчката полиција за борба со тероризмот соопшти дека нејзини службеници jа уапсиле лидерката на крајно левата група „Револуционерна борба“, која ја презеде одговорноста за извршување на голем број напади и се крие од четири години.
Пола Рупа беше уапсена утринава во Атина. Заедно со неа била приведена и 25-годишна жена, која и помагала на екстремистката да се крие, посочува соопштението на грчката полиција.
Рупа и нејзиниот истомисленик Никос Мазиотис беа уапсени во 2010 година, а во 2011 година беа ослободени под услови до започнување на судската постапка против нив. Потоа двајцата се сокрија, потсетуваат грчки медиуми. Во 2014 година Мазиотис беше уапсен во грчката престолнина по кратка престрелка со полицајците, а две години подоцна Рупа неуспешно се обиде да му организира бегството од затворот, користејќи украден хеликоптер.
Двајцата екстремисти имаат 6-годишен син, кој се роди нешто по паѓато на неговите родители во затвор.
Групата „Револуционерна борба“, која е основана во 2003 година, пред време беше сметана од властите за најопасната крајно левичарска организација во Грција. ЕУ и САД ja ставија „Револуционерна борба“ на листата на терористички организации.
