Подготвителни превентивни мерки донесе Управувачкиот комитет за кризи во врска со најавата од Управата за хидрометеоролошки работи за врнежи од снег и многу ниски временски температури на територијата на Република Македонија во наредните денови.

Биле разгледени сите овие околности, биле донесени определени заклучоци и препораки кои ќе бидат испратени до сите надлежни институции чија цел и основна задача е подобра подготовка во функција на справувањето со определени ризици кои може да се појават.

Компанијата ЕВН треба да формира тимови кои ќе бидат со зголемена мобилност и зголемена оперативна подготвеност кои ќе треба да реагираат во случај на нарушување на системот за снабдување со електрична енергија. Тоа е процедура која постои и очекуваат да биде задоволена на највисоко ниво од страна на сите институции кои имаат ингеренции во рамки на снабдувањето со електрична енергија.

Екипите на ЈП Македонија пат да бидат во постојана оператива, готовност за реакција на определени критични точки кои постојат на патиштата. „Би сакале да апелираме сите граѓани кои немаат особена потреба за патување во текот на викендот да не патуваат, оние транспортери кои може да ги одложат своите транспортни рути во текот на викендот да ги одложат доколку тоа не предизвкува економска штета за нив, а оние граѓани и транспортери кои ќе се решат да патуваат треба да поседуваат зимска опрема за сообраќај и за чистење на патиштата, пакети за прва помош и определено количество вода и храна“, рече портпаролот на Владата, Александар Георгиев.

Управувачкиот комитет донел заклучоци со кои се наложува во текот на денешниjа ден сите општини во Република Македонија да ги формираат своите кризни штабови во рамките на кои ќе вклучат претставници од Центарот за управување со кризи, на Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за внатрешни работи, да ги мобилизираат сите свои јавни комунални претпријатија, сите свои ресурси, капацитети кои би можеле да бидат од помош во справување со определени ризици кои би можеле да настанат.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO