
„Меѓу Србија и Македонија има многу блиски и длабоки пријателски односи и не е случајно што граѓаните во двете земји имаат многу позитивни чувства за соседите од другата страна. На политичарите останува само да ги продлабочуваат тие историски односи. Доколку тоа не е возможно, тогаш треба да бидат одговорни барем да не го рушат пријателството кое постои меѓу Македонија и Србија, во двата правци, изјавија од МНР по повод изјавата на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, коj рече дека Србија направи голема грешка околу признавањето на Македонија под уставното име. („Македонија ја признавме навредувајќи ги Грците, а тие (Македонците) секогаш гласаат за Косово. Морам да кажам дека сме будали. Еве, ќе употребам недипломатски израз“, рече Дачиќ.)
