Сторителот на терористичкиот чин во истанбулската дискотека во новогодишната ноќ направил огромна грешка одкако ги заборавил во локалот јакната и парите во него, пишува денеска британскиот весник. „Дејли мејл“ повикувајќи се на турски медиуми.

Во џебот на јакната си напаѓачот имал 500 турски лири (140 долари). Откако зел такси до ујгурски ресторан, тој требало да земе оттаму пари на заем за да плати на возачот. А уште додека патувал, побарал од возачот да се услужи со неговиот телефон. При полициската проверка сепак, се покажало дека бројот на кој напаѓачот се јавил, од неколку месеци е исклучен и најверојатно тоа бил обид за насочување на силите за безбедност по лажна трага.

Претходно беше објавено дека напаѓачот може да е Ујгур. Според в. „Хабер Турк“ тој пристигнал во Турција со фалсификувани документи. Турските власти веќе најавија дека го имаат востановиле неговиот идентитет.

Во ноќта спроти 1 јануари напаѓачот отвори хаотична стрелба со „калашников“ во дискотеката „Реина“, во која имало околу 700 лица и уби 39. Повредени се 69 лица.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO