Главниот уредник на весникот „Today’s Zaman“ во Турција Булент Кенет беше спектакуларно уапсен во редакцијата, десетици негови колеги jа опседнаа зградата и на ТВ канали предаваа во живо неговото апсење, следуваше и брза реакциjа од Велика Британија.

Во петокот вечерта полицијата упадна во канцелариите на весникот во Истанбул и покажа пресуда за негово апсење. Мотивите за задржувањето на истакнатиот новинар се испровоцирани од написите во весникот и статусите му на социјалните мрежи, со кои тој се бил потсмеваше и навредувал претседателот Реџеп Ердоган.

Во четвртокот Кенет беше повикан во дирекцијата на полицијата за објаснувања по сака на адвокатите на Ердоган и ослободен, но со забрана да ја напушти земјата. Во саботата наутро тој треба да се суди и да одговара за јавни навреди кон турскиот претседател.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO