На градење кула од карти наликува „мртвиот“ период во кој партиските калкулатори пресметуваат владино мнозинство, додека се чека претседателот Иванов до 9-ти јануари да го додели мандатот за состав на новата влада.

Неизвесноста во јавноста расте. Кој ќе успее да ја формира новата влада? Има ли веќе договорено владино мнозинство, кое подготвено чека во заветрина и тајност? На вакво градење кула од карти наликува „мртвиот“ период во кој партиските калкулатори пресметуваат разни варијанти на владино мнозинство, додека се чека претседателот Ѓорге Иванов до 9-ти јануари да го додели мандатот за состав на новиот владин кабинет, пише Deutsche Welle. ОД ВМРО-ДПМНЕ очекуваат шефот на државата во законскиот рок мандатот за состав на влада да и го довери на ВМРО-ДПМНЕ, партија која освои најмногу пратенички места во парламентот – 51. Други, пак, сметаат дека Иванов треба да ги свика партиите на консултации, за да слушне кои од нив реално можат да обезбедат мнозинство. Иако од партиите засега молчат, според неофицијални информации, и претпразничните и постпразничните денови поминуваат во долги и деликатни преговори зад сцената, и на локации далеку од очите на јавноста.

уште читаjте ТУКА


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO