
Група борци на терористичката група „Исламска држава“, на чело со изјавен командант, се инфилтрирале од Сирија во Европа, вмешувајќи се со бегалците, соопштува британскиот весник. „Дејли мејл“ повикувајќи се на италијанските спец служби.
На чело на единицата е македонскиот Албанец Лавдрим Мухаджери – висок командант на „Исламска држава“, познат и под името Абу Абдула ал Косова.
Веројатно цели на терористите се државни институции во Косово и српските цркви.
Во ноември во Косово беа приведени 19 лица осомничени за подготовка на напади во регионот и врски со ИД. Меѓу планираните напади бил и напад за време на фудбалскиот натпревар Албанија-Израел на 12 ноември.
Според податоците на спец службите, активностите на приведените била координирана од Мухаджери кого балкански медиуми го нарекуваат косовскиот Џихад Џон.
27-годишниот Махуджери оди во Сирија на крајот на 2012 година и на неколку пати е препознат во пропагандни видео материјали. Тој ги повикува Албанците да се приклучат на ИД, пишува „Дејли мејл“.
Во мрежата има слики на Мухаджери кој обезглавува заробеник и видео на кое џихадистот убива човек со ракетен фрлач.
Во 2013 година Мухаджери тајно престојувал во Косово и успеал да се извлече пред да го уапсат.
