5225713Собравме првични индиции за атентатот во Истанбул, но засега овие податоци не овозможуваат да се утврди личноста на терористот, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим.

Турските власти работат на верзијата за еден терористи, иако според првичните информации сторителите биле двајца-тројца.

5225498При нападот загинаа 39 лица и беа повредени 69 лица. Од загинатите 15 се странци.

Во исто време се зголемува листата на земјите чии граѓани станаа жртви на масакрот во ноќниот клуб малку по доаѓањето на Новата година. Досега се знаеше дека странските жртви се од Саудиска Арабија, Мароко, Либан, Либија и Израел. Загинати се исто уште тројца државјани од Јордан и една французинка.

Меѓу повредените се јорданците, французинка и израелка.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO