
Има повредена бугарка во нападот во Истанбул во новогодишната ноќ. Ова го соопшти амбасадорот на Бугарија во Турција Надежда Неински, цитирана од БНР.
Настраданата е бугарска државјанка која живее во Норвешка, која одлучила да слави Нова година во градот на Босфорот. Во моментов таа е во болница и се оперира.
При нападот загинаа 39 лица, од нив 21 веќе се идентификувани. 16 од загинатите се странци. Се претпоставува дека сторителот на крвавата трагедија е еден, а не неколку лица, соопштија од турското МВР.
