
Најмалку 35 убиени и 40 повредени е билансот од терористичкиот акт во познат ноќен клуб во Истанбул, еден полицаец и еден цивил беа убиени само неколку минути по доаѓањето на Новата година при влезот на локалот, и покрај сите жестоки мерки за безбедност, јави дописникот на БГНЕС .
Според првичните податоци за инцидентот, вооружените напаѓачи биле двајца или тројца, преоблечени како Дедо Мраз и вооружени со „калашникови“, упаднале во барот во Ортакјој, каде околу 800 лица го прославуваа доаѓањето на 2017-та година, соопшти агенцијата „Доган“, а според очевидец од в. „Хурријет“ тие биле тројца. Одделни сведоци на терористичкиот акт тврдат дека атентаторите говореле на арапски јазик. Еден од повредените изјави дека сите биле загрозени од истрел во главата. Сопственикот на локалот вели дека по предупредувањето од американското разузнавање во последните 7-10 дена во регионот се спроведени сите можни мерки за безбедност, но на крајот нападот е факт. Обласниот управител на Истанбул е на местото на терористичкиот напад и изјави дека едниот од терористите застрелал полицаец и цивил уште на влезот, а потоа внатре, убил други 35 лица, а 40 се повредени. Ноќниот клуб е испразнет светкавично, специјалците на полицијата го опколија местото, но засега не е познато каде се сокриеле терористите. Областа на ноќниот клуб е отцепена од полиција откај морето и копното, се спроведува операција за спасување на посетителите на барот, кои во паниката скокнале во морето.
