Црногорскиот премиер Душко Марковиќ изјави дека следните парламентарни избори во земјата ќе се одржат како што е планирано во 2020 година, отфрлајќи го барањето на обединетата опозиција за прегласување на изборите од 16 октомври.

Опозицијата, која ја блокира работата на парламентот, не ги признава резултатите од изборите и сака тие да бидат повторени, бидејќи се спроведени незаконски.

Марковиќ потсети дека понудил место во управувањето на опозицијата и повторно повика бојкотот на парламентот да биде прекинат, бидејќи владата е целосно легална.

Пред тоа од опозицијата изјавија дека блокирањето на парламентот ќе продолжи се додека не станат јасни фактите околу обидот за државен удар на денот на гласањето и додека не биде одреден датум за повторување на изборите.

Во ноќта на 15 наспроти 16 октомври согласно обвинителска наредба црногорската полиција уапси 20 српски граѓани под сомнение за подготовка на атентат и преврат вечерта на парламентарните избори.

Според податоците на државното обвинение, групата планирала при обелоденување на изборните резултати да ги нападне насобраните пред парламентот граѓани и полицајци, а потоа да ја преземе зградата и да „објави победа на една од политичките партии“, а освен тоа да го „лиши од слобода премиерот на Црна Гора „.

Обвинителството соопшти дека лидер на групата е поранешниот началник на српската жандармерија Братислав Дикич. Тој пристигнал рано наутро на 15 октомври во Црна Гора, за да го раководи вооружувањето на членовите на групата пред самиот напад.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO