
Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер изјави дека целта на српската влада е јасна – Србија да влезе во Европската унија пред 2020 година, но според неговите зборови тоа може да стане и порано.
„Постои една многу важна цел која Владата на Александар Вучиќ сака да jа оствари, а тоа е земјата се стане член на ЕУ до 2020 г. Јас мислам дека може да има можност … тоа да се случи и пред овој рок“, рече Шредер.
Тој исто така изјави дека билатералните проблеми меѓу Западните земји и Балканот не треба да бидат услови или пречки за отворањето нови поглавја во преговорите.
Од своја страна, Вучиќ изјави дека не е дури таков оптимист.
