Хрватските власти соопштија дека е откриен силно заразен вирус на птичји грип во мала семејна фарма во северниот дел на земјата, во близина на границата со Унгарија.

Вирусот H5N8 е откриен во село Крижница на реката Драва. Заразата ги убила сите 15 кокошки и патки кои ги одгледуваат таму, соопштија од Министерството за земјоделство.

Во Крижница има 22 мали живинарски фарми. Но бидејќи населеното место е меѓу реката и границата, нема ризик вирусот да се шири.

Сепак се земени мерки и до крајот на денот сите птици во селото ќе бидат убиени.

Од октомври вирусот беше откриен во 14 други европски држави, меѓу кои Велика Британија, Франција и Германија. Во Унгарија во последните три месеци има најмногу жаришта – 201 случаи во фарми и 4 кај дивите птици.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO