Новоизбраниот бугарски претседател се стреми да ги разсее стравувањата предизвикани од реториката во пресрет на изборите во ноември, дека како лидер на земја-членка на ЕУ и НАТО, тој е премногу блиску до Кремљ. Ова се вели во анализа на „Фајненшл тајмс“.

„Бугарија секогаш ќе работи само заедно со своите партнери, ЕУ и НАТО … Сакам Бугарија да биде вистински член на НАТО, со реални можности и да биде лојален и предвидлив партнер“, рече Румен Радев пред изданието.

Во него избраниот бугарски претседател наведува дека никогаш не ја посетувал Москва. Сепак во своето интервју од Софија поранешниот шеф на бугарските воздухопловни сили ја застапува тезата за обновување на односите меѓу Алијансата и Русија – позиција која имаше  успех кај Бугарите за време на претседателските избори, но кој може да си противречи со зголемената загриженост во Европа за руското подривање на Западот.

„Сметам дека сме соочени со заедничките закани – тероризам, исламски фундаментализам и соработката меѓу НАТО и Русија е потребно“, вели Радев пред изданието што го забележува неговиот добар англиски. „Ако не работиме за подобар дијалог и за намалување на конфронтацијата, ние не можеме да се соочиме со овие глобални закани ефикасно“, додава тој.

Радев е запознаен добро со двете гледни точки, пишува „Фајненшл тајмс“. Поранешниот пилот на борбен авион Миг-29, трениран  во тогашниот советски сателит Бугарија за време на последните години од Студената војна Радев заминува да учи во колеџ во Алабама во 90-тите, завршувајќи со почести.

Тој поднесе оставка како воздухопловен  командант во август, пред да ја објави кандидатурата за претседател како независен кандидат, поддржан од опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП). Неговото име веќе се коментирало  во Москва како можен кандидат за време на посетата на делегацијата на БСП во јуни, предводена од лидерот на партијата Корнелија Нинова, посочуваат луѓето запознаени со разговорите.

Радев сепак сака да ја демонстрира и својата лојалност кон НАТО. Претходно оваа година, облечен во генералската  униформа, тој се појавува во национален етер, за да го критикува министерот за одбрана поради доцнење во избола авиони од западно производство за замена на застарени  ескадрили  од авиони Миг-29 на земјата, што според него е несоодветно со оглед на улогата на земјата во НАТО за заштита на воздушниот простор над црноморскиот регион.

Позицијата на избраниот претседател, како и онаа на неговите гласачи се базира делумно на долгата врска на земјата со својот поголем сосед Русија, пишува „Фајненшл тајмс“. Двете нации делат заедничка словенска и православна култура, како многумина Бугари таат историска благодарност до Русија, одкако ја ослободува нивната земја од отоманско владеење во 19 в., посочува весникот.

По сталинистичкото  преземање на управувањето во 1944 година Бугарија останува верен советски сателит до падот на комунизмот во 1989 година и бешее исмевана од своите соседи како „16-та република“ на СССР поради раболепното однесување на нејзините лидери спрема Москва. Иако оттогаш Бугарија гледа на запад, приклучувајќи се кон НАТО во 2004 година и во ЕУ во 2007 година, Русија останува важен економски партнер, пишува весникот.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO