Албанија има потреба од 10 години раст од 4%, за да се справи со сиромаштијата

Албанија има потреба од најмалку една деценија со економски раст од 4%, за да се искоренат најтешките случаи на сиромаштија. Ова го соопшти Светската банка.

Според нејзините пресметки во „Земјата на орлите“ живеат најмалку 31 илјади лица, кои преживуваат со помалку од 1 евро на ден.

Според светските стандарди за исклучителна сиромаштија се зема едно лице да има приход од 1,9 долари на ден.

Последните статистички податоци за сиромаштијата во Албанија од 2012 година, кога во земјата живееле 31 000 лица или 1,06 отсто од населението со помалку од 120 леки дневно.

45% од Албанците живеат со помалку од 5 долари на ден, што ги прави околу 325 леки.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO