Извадок од книгата „Македонскиот идентитет“ на Николај Василев

„Не ние сега се одделивме  од Бугарија и со тоа раздробуваме една создадено целина, но сме одделени и живееме одделно веќе повеќе од 25 години. Други не разделија и создадоа од нас и Бугарите различен живот, различни потреби и нерамноправна состојба. И други не ни даваат да се обединиме.“ ( цитат од „За Македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков)

Животот на Крсте (Крстјо) Петков Мисирков е исполнет со превратности. Роден во патриаршистко семејство во тогашната Отоманска, денес Грчка Македонија, учи во Србија, некое време живее во Русија и ја  завршува својата кариера како благонадежден бугарин, директор на средно училиште во Габрово. Во 1999 година една анкета во Македонија го одредува за најзаслужен  Македонец на 20-тиот век. На него е крстен Институтот за македонски јазик во Скопје. Според повеќето Македонци тоjигра клучна улога за афирмацијата на македонскиот јазик и во изградбата на современиот македонски идентитет.

Од своја страна бугарската историографија не се однесува премногу блескаво кон Мисирков. Проф. Веселин Трајков го дефинира како „збунета личност“.

Внимателната анализа на „За македонцките работи“ ни дава слика доста различна од онаа на Бугарин, кој во даден монент се претставувал за (етнички) македонец или на (етнички) македонец, кој во еден момент се претставувал за бугарин.

На страниците на својата книшка  Мисирков никогаш не ја осудува бугарштината на Македонците сама по себе, туку само во контекст на нејзината трагична безперспективност, земајќи го во предвид соодносот на силите на Балканот во почетокот на 20 век.

Уште во предговорот тој објавува:

„Многумина од македонските читатели ќе бидат зачудени од појавата на оваа книга. Многу нешта во неа ќе бидат за чудење. Некои ќе речат: зошто отцепување од бугарите кога досега сме се нарекувале бугари? “

Авторот нема сомнеж во врска со бугарската самосвест на мнозинското  население на Македонија, уште помалку за „бугарската боја“ на „Комитето“ (како што тој го нарекува ВМОРО) и за бугарскиот карактер на Илинденското востание:

ʺМоже ли да не е уште јасно дека ако се задоволат барањата на ʺКомитетоʺ Македонија навистина ќе се покаже бугарска? „

Но Мисирков не се заблудува. Тоа дека Бугарите се мнозинство едвај ќе ги натера другите сили да го прифатат овој факт. Тој знае дека српските интереси и присуство во Македонија во 1903 година станале  објективна реалност, без оглед колку морално (не)оправдано е тоа;

„До 1878 година сите, па и руската влада велеа дека Македонците се Бугари. По Берлинскиот конгрес влегоа со своите претензии и србите. Дали се тие, не е важно за дипломатите. србите во текот на 25 години успеаја … да создадат впечаток дека во Македонија има и срби … Политиката нема работа со науката … Не е важно за дипломатите каде е вистината „

Мисирков не се стеснува  да го нарече посрбениот елемент во Македонија „србомани“, како што понекогаш ги нарекува  патриаршистите, од кои самиот тој потекнува „гркомани“. Природно никогаш не и размислувал  да го употреби влезениот во жаргонот на денешните македонци збор „бугаромани“. За него тие се само бугари:

„Комитето може да се пофали и со поумерени лидери, но и тие мислеа дека спасението на Македонија е само во духовното единство, а и во доминирањето на бугарите во Македонија ʺ

Заклучокот на Мисирков е неизбежен:

„Бугарската боја на движењето е главната причина за неуспехот. Ако е така, што се бара од македонската интелигенција, за да се олеснят несреќите на Македонците (предизвикани) од сегашната несреќна авантура? „

Мисирков разбира дека противници на бугарска Македонија не се само отоманците, грците и србите. Во нивната коалиција се заробени и романци и руси!

Иако Русија некогаш го  има потпишано Санстефанскиот прелиминарен договор, нејзината позиција еволуирала:

„Може ли Русија со својата политика да ги одврати од себе другите балкански православни земји? И што ќе добие таа од оваа загуба? Благодарноста на бугарите? Може? Но бугарската благодарност е само ден до пладне, а потоа Бугарите ќе одлучат дека тоа Русија го направила заради  своите  планови да завладеесо  Балканскиот Полуостров, спасението од кое се наоѓа во Англија. „

Политиката на Романија го затвора кругот на неможноста бугарска Македонија да стане реалност!

„Ние моравме да знаеме дека против нашето востание ќе бидат и Кара-Влашко (Романија) и Србија и Грција. Кара-Влашко не може да гледа рамнодушно на зајакнувањето на Бугарија преку давањето автономна управа на Македонија. На автономијата се гледа како на преодна фаза кон соединувањето на Македонија со Бугарија. Кара-Влашко не може да дозволи создавање на нејзините граници на една голема Бугарија, која може потоа да ја побара Добруџа. „

Мисирков разбира дека во почетокот на 20 век:

„Присоединувањето на Македонија кон една од балканските државици не е можно – можно  е делењето  на Македонија меѓу малите држави или окупирањето на Македонија од Австрија“

Тој е сигурен дека тоа се реалности, кои не можат да и избегаат  на бугарската влада, на кнезот, пак и на целата бугарска јавност.

„Бугарија до сегашното востание немаше политичко искуство за решението на македонското прашање, еве зошто сите маневри да го решат излегоа јалови. Бугарија досега не знаеше дека решението  на македонското прашање не е исклучиво во Софија, ами е колку во Софија, толку и во Белград, т.е.в согласноста меѓу Софија и Белград. Таква согласност досега се броеше  за предавство, но сега кога бугарските дипломати ја покажаа својата  немоќ и покај најголемите свои напори даго  решат македонското прашање, ќе се најдат ред бугарски дипломати, кои ќе погледнат на таква согласност како на неизбежно зло. Да го имаа понапред сегашното  политичко искуство ќе пристапеа кон поделба на сфери на влијание во Македонија меѓу бугари и срби и потоа за време на востанието србските и бугарските војски ќе влезеа во Македонија. Таков би бил резултатот од востанието при поголем искуство меѓу бугарските дипломати! „

Мисирков со право се плаши дека бугарските елити ќе прифатат една програма минимум – поделбата.

Велат дека границата помеѓу гениј и „збунета личност“ е тенка. Имаме доволно основи сепак да мислиме дека Мисирков стои од генијалната страна.

Уште во 1903 година, тој ја разбира трагичната несреќа на бугарскиот идентитет во Македонија, како гатачка ја  предвидува антибугарската коалиција во Втората балканска војна и ако во нешто греши, тоа е во предвидување дека соочена со суровата реалност Бугарија ќе ја прифати поделбата на Македонија. Гледано пост фактум нема сомнение дека ова бил објективен интерес на Бугарија! Србија и Грција и нудат на Бугарија се што и е потребно:Одринска Тракија, широк излез на Егеj, дури Штип и Кукуш. Очајните обиди од 1913 година и 1915 година на Бугарија да не ја  предаде Македонија ја доведуваат до национални катастрофи. Овој очаен бунт против политичките реалности се испоставува катастрофален за развојот на земјата во текот на целиот нареден век.

Неочекуваната од Мисирков подготвеност на Бугарија да ризикува се за Македонија го враќаат засекогаш во пазувите на бугарскиот патриотизам, но со текот на времето националните несреќи ја создаваат кај македонските Бугари претставата за Бугарија како вечен губитник! Токму оваа идеја дава живот на Мисирковиот проект.

Генијалниот Мисирков ја разбира трагичната несреќа на македонските Бугари години пред бугарските „дипломати“ да ја разберат и децении пред мнозинството македонци да достигнат до истиот заклучок. Затоа тој предлага да се работи за изградба на посебен македонски идентитет кој да ги  опфаќа македонските бугари, србоманите  и гркоманите и со коjсоседните земjи некако ќе се согласат.

На крајот Македонија постигнува автономија и потоа независност дури откако дала доволно докази дека се е одрекла  од бугарската си боја.

Но и најдалновидниот политички гениј од почетокот на 20 век не може да ја предвиди радикално променетата ситуација во почетокот на 21 век! Ако некогаш македонскиот идентитет се покажува спасоносен лек, денес тој со неговата патолошка  античка модификација стана смртоносен отров токму за македонците.

Можеби Македонија има потреба од еден нов Мисирков, кој да потсети дека „често од еден народ историските услови бараат или коренни  промени на народните идеали, кореннен  пресврт на идеалите во друга насока или му се заканува целосно уништување“. И да понуди да се прифати историjата каква што била, да не се негираат бугарските корени и да се отвори Македониjа за соработка со сите земjи.

Автор: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO