Гркинка износи и роди дете на 67-годишна возраст, што ја прави најстарата родилка на светот. Таа е сурогатна мајка, коjа износила бебето на својата ќерка, со репродуктивни проблеми и неколку абортуси. „Таа е една херојска баба“, изјави лекар пред грчка телевизија.
Детето е девојче и по 7,5 месечна бременост тежи 1,2 кг.
„Се чувствувам повеќе како баба, отколку како мајка“, изјавила Анастасија Онто која е од мало село во близина на Лариса во централна Грција. „За мене беше лесно, ќерка ми беше скршена, кога сфатила дека не може сама да износи дете“, објасни таа.
Досега во книгата на рекорди „Гинис“, како најстара мајка на светот е регистрирана Марија дел Кармен Бусан де Лара од Шпанија, која е на 66 години и 358 дена, кога раѓа две момчиња во Барселона во 2006 година Таа почина од рак во 2009.