Главниот обвинител на Турција откри за медиумите дека е откриено  писмо напишано од убиецот на рускиот амбасадор во Анкара. Тоа го соопшти организацијата „Мид’л Ист Монитор“.

Неговата содржина покажува дека атентатот во галеријата е извршено од гнев кон бруталните руски активности во светот. Но, според истражителите тоа било напишано и оставено намерно, за да го одвлече вниманието од главните причини.

Во пораката поранешниот полицаец Мевлут Мерт Алтанташ прогнозира дека не само Русија, но и САД ќе го најдат крајот многу наскоро.

„Никогаш нема да бидете сигурни, додека ние, Арапите, не се чувствуваме  сигурни во своите земји“, пишува тој.

Заедно со писмото се откриени и мноштво на други арапски книги, најавија од полицијата. Тие истакнаа дека, сепак, литературата на никаков начин не е обврзана со екстремистички идеи.

По последните информации властите се уште не успеале да го отклучат и мобилниот телефон на Алтанташ. Во медиумскиот простор постојат шпекулации дека мобилниот уред ќе биде испратен во Русија, за да бидат одземени  информациите од него.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO