Манчестер Сити се соочува со Арсенал во натпревар од 17-тото коло на Премиер лигата денеска.

Судирот  на стадионот „Етихад“ стартува во 17:00 часот.

Несомнено ова е големото дерби на колото. Победникот од овој натпревар ќе се приближи до лидерот на табелата Челзи.

Досега лондончантеи се на цели 9 поени зад „сините“, а „граѓаните“ се на 10 поени зад нив.

И двата тима имаат многу кадровски проблеми. Домаќините ќе се без казнетите  Агуеро и Фернандињо и без повредениот Компани,  Гјундоган и Делфи.

Гостите, од своја страна, ќе се без повредените  Ремзи, Акпом, Дебјуши, Мертезакер, Мустафи, Велбек и Касорла.

Домаќините се во многу колеблива  форма и  запишале 2 загуби за последните 5 натпревари, додека гостите имаат  3 победи и 2 порази за ист број натпревари.

Лондончаните се непоразени во последните 6 натпревари против Сити во сите натпреварувања и се запишале во нив 3 победи и 3 реми.

Доста интересен факт е дека Жиру постигнава голови  во последните 4 дуела против овој противник и ништо чудно денес да излезе во првиот состав на Арсен Венгер.

Последниот сепак заработил само 2 од неговите претходни 8 судири со Пеп Гвардиола, но има доста повеќе искуство во Премиер лигата од својот далеку помлад колега.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO