Одговори на новинарски прашања,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Скопје, 13.12.2016

Медиуми: Кажавте дека ќе има приговори, на што ќе приговарате и каде?

Заев: Правниот сектор на опозицијата ги има подготвено тоа што се официјални, точни, проблематични состојби ќе бидат процесуирани до Државната изборна комисија. Периодот е вечерва до 19:00 часот. Очекувам транспарентно одлучување на ДИК, низ институции на системот, пред очите на целата јавност.

Медиуми: Рековте дека Груевски нема да формира Влада, а кој тогаш ќе ја формира Владата?

Заев: Реков дека Груевски не смее да формира Влада. Се разбира, ако Груевски не формира Влада, се знае кој ќе ја формира Владата.

Медиуми: Рековте дека Груевски не смее да формира Влада, дали тоа значи дека СДСМ ако биде во можност да ја формира Владата ќе коалицира со, како што велевте до скоро криминалниот, тендерашки коалициски партнер на Груевски Али Ахмети?

Заев: Да оставиме времето да покаже колкав е бројот на мандати, согласно тоа да чекаме да течат сите постапки. За се ќе бидете навремено информирани.

Медиуми: Дали веќе има некоја комуникација со помалите партии од албанскиот блок кој што влегоја во собранието?

Заев: Комуникациите постојат на штапско ниво, заради тоа што комуницираа и за избирачките места и за се, комуникациите се отворени и продолжуваат

Медиуми: Влада?

Заев: Постојат комуникации за се.

Медиуми: Очекувате ли дека Груевски така лесно ќе се предаде од тронот на власта?

Заев: Да беше лесно пред две години ќе заборавевме на овој режим, но така се пишува историјата. Еве заедно сите не сплоти Македонија, падна режим со глас и со пенкало. Испадна на крајот, тоа што не учеа дедовците, тоа што не може да не убие, може само посилни да не направи и еве во случајот на Македонија пообединети.

Медиуми: Дали вие очекувате Ахмети да му го сврти грбот на Груевски?

Заев: Очекувам, и тоа е повикот, тоа и го кажав. Сите партии кои што добија пратенички мандати, освен ВМРО ДПМНЕ, да ја почитуваат мнозински изразената волја во Република Македонија. И тука е јасно како бел ден, волја за промени во нашата земја.

Медиуми: Дали вие сте разговарале со Ахмети после избори?

Заев: Почекајте да се движат процесите како што е редот. Чекаме резултати, чекаме официјални и конечни резултати од Државната изборна комисија. Се си има свој ред, Македонија има Устав, има закони ќе ги почитуваме комплетно, затоа што веќе Македонија е слободна и демократска земја, каде што ќе владее животот.

Медиуми: Што е со оние 30.000 гласови кои беа поништени од ДИК, коишто беа со заокружена четворка и имаше некои допишувања со цртички, со плусови, имате ли информации?

Заев: Ве повикувам новинарите и медиумите, ова се важни моменти. Внимателно да ја следите работата на ДИК и да им бидете од помош. Очекувам транспарентна постапка, каде што оваа државна институција ќе ги даде одговорите коишто и вас новинарите, а и граѓаните ги интересираат. Тоа е работа на ДИК, партиите имаат право на приговори во рок од 48 часа. ДИК е тој што ќе соопшти што е точно. И со неважечки ливчиња и со записници и со вкупни резултати и со конечниот број на мандати.

Медиуми: Г-дине Заев, експертите велат дека најдобро за Македонија би било некоја широка коалиција, техничка влада, концентрациона. Колку е тоа опција со ВМРО во владата задно со вас, доколку Никола Груевски не биде таму?

Заев: Јас реков дека Никола Груевски неможе да формира влада и не треба да формира влада. Очекувам да доаѓа време каде што сите граѓани ќе бидат слободни и спокојни и растеретени, а партиите од власта и опозицијата ќе комуницираат и ќе соработуваат заради интересот на реформите, заради интересот на државните интереси на Македонија и пред се и над се, заради граѓаните на оваа наша земја. Овие прашања во соодветно време ќе добијат конкретен одговор. Социјалдемократскиот сојуз очекува волјата на мнозинството граѓани во Република Македонија која што е еклатантно како бел ден потврдена за промени, да биде преточена во институции.

Медиуми: Очекувате ли власта и опозицијата да соработуваат во интерес на граѓаните, во интерес на демократските процеси, но непосредно пред изборниот ден на некој од веб порталите со сомнителна транспарентна сопственичка структура, читавме за црни сценарија, инциденти кој би се случувале во пост-изборниот период, се сомневате ли вие дека се можни вакви случувања?

Заев: Уште една причина дека треба да дојде време на животот, на слободата, на спокојот, на демократијата, на слободно изразената волја, на општа дебата во општеството, дебата помеѓу политичарите, вистински парламент кој ќе блиска комплетно согласно Устав ќе биде коректив на извршната власт каде што независни интелектуалци ќе ги водат корективите на институциите, а не време во кое што гледаме под наредба од централа, да протестираат синоќа пред штабови на СДСМ, да урлаат, да пискаат пред нашите домови, да носи интелектуалец учителка крст со Зоран Заев. Ова време граѓаните сакаат да го заборават, јас зборував за оние граѓани којшто беа принудени да гласаат за режимот и тие ќе ја почувствуваат слободна и демократска Македонија. Тоа време доаѓа и никој неможе да го спречи. Сега кога е јасно изразена граѓанската волја за промени во Република Македонија.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO