
Владата во Бугариjа обезбеди дополнителни средства за надминување на последиците од инцидентот на територијата на општина Хитрино на 10 декември. Во буџетот на Министерството за труд и социјална политика се обезбедени до 5 000 000 лв.
Премиерот Бојко Борисов, кој е и шеф на Националниот штаб за извршување на Националниот план за заштита при катастрофи, ќе проверува денес организацијата на спасувачките и итни реконструкции во Хитрино.
Потсетуваме дека, седум лица загинаа, десетици се повредени откако товарен воз кој превезувал пропан-бутан, излел од шините и експлодирал во североисточното бугарско село Хитрино.
