ДИК соопшти дека според првичните резултати од гласањето на вчерашните избори за пратеници на Македонија, Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ освоила 51, додека здружената опозиција предводена од СДСМ освоила 49 пратеници.

ДУИ освоила 10, Беса, 5, Алијанса за Албанците 3 и Беса 5 пратеници.

Во првата изборна единица СДСМ освоил 10 пратеници, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 8, Беса 1 и ДУИ 1.

Во втората изборна едница опоцизијата освоила 8 пратеници, Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 9, Беса 1 и ДУИ 2 пратеници.

Во третата изборна единица, здружената опозиција предводена од СДСМ освоила 9 пратеници, а Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 11 пратеници.

Во четвртата изборна единица СДСМ и опозицијата освоила 10 пратеници, а Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 10.

Во петтата изборна единица СДСМ освоил 9 пратеници, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 9, Алијанса за Албанците еден пратеник, исто колку и ДУИ.

Во 6 изборна единица СДСМ освоил 3 пратеници, Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ 4, Беса 3, Алијанса за Албанците 2, исто колку и ДПА, а ДУИ 6 пратеници.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO