Постигнувањето е повеќе од сериозно за паднатиот  во длабока криза бугарски фудбал, кој сепак има што да покаже за европските  терени. Се разбира треба да се нагласи дека ова се случува само со тројца Бугари во основниот состав (против ПСЖ беа двајца) и под водство на бугарски тренер и претседател. Лудогорец покажа на сите бугарски конкуренти какво  треба да е надпреварувачкото ниво на тим кој сака да остави трага во европските клубски турнири. Во Разград го постигнаа со добри странци, бидејќи во последните години бугарскиот  фудбал едноставно не создава фудбалери кои да играат  на ова ниво. Првиот клуб кој ќе успее да подготви, задржи и да уигра толку силен тим, во кој Бугарите да преовладуваат  ќе се радува на сериозни успеси и уште поголема популарност во целата земја. Дотогаш Лудогорец ќе е хегемон на бугарската фудбалска сцена сцена и редовно ќе се презентира во турнирите на УЕФА над средното европско ниво за избраниот од своите сопственици и менаџери модел на работа, селекција и игра.

Средбата започна со едноминутно молчење во спомен на сите кои загинаа во авионската несреќа со летот на Чапекоензе во Колумбија. Во двата тима дуелот го започнаа вкупно 9 Бразилци – 4 во ПСЖ и 5 во Лудогорец.

Во 8 минута Лукас Моура шутираше  слабо од далечна дистанца, Стојанов не интервенираше добро и топката изби во нозете на Кавани кој шутира силно од блиска дистанца, но овој пат бугарскиот голман ги  покажа сво ите  рефлекси  и изби во корнер.

768x432Лудогорец се ослободи од првичното притисок  и го  нанесе својот удар при првиот  серизен  напад. Во 15-тата минута Анисе одзеде топка  во центарот на теренот и мајсторски ја поднесе до Натанаил. Левиот бек на разградчани центрираше одлично кон Виргил Мисиджан кој со глава го отвори резултатот – 1: 0 за Лудогорец. ПСЖ одговорија со два удари од корнер на Тиаго Силва, вториот од кои ја удри  гредата.

По паузата ПСЖ продолжи да гони изедначување, но без да стигне до опасни ситуации. Сепак играта во половината на противникот даде резултат. Во 61-тата минута Марселињо згреши пред казнетиот простор на гостите, следувашет центрирање на Ди Марија, но двајца дефанзивци на Лудогорец си попречија и топката остана на дофат на ѕвездата Кавани, кој со одлични задни ножици го совлада  Стојанов.

php2007lp_559xСамо 7 минути подоцна Лудогорец повторно го шокираше  ПСЖ. Кафу одзеде топката од бавниот Маркињос, упадна во казнетиот простор и ја врати на затрчаниот  Вандерсон кој пукаше од движење по дијагонала  за 2: 1.

Следеа нови опасности пред вратата на Стојанов – при првата Моци блокираше  удар на Бен Aрфа, а при втората топката слета на  гредата. Сепак притисокот на домаќините доведе до израмнување во последната минута. Заштитата на Бугарите не успеа да ја  исчисти топката и таа стигна до непокриениот  Ди Марија, кој од неколку метри го оформи крајниот резултат.

Последниот свиреж ја започна  заслужената  радост во тимот на Лудогорец, кој напиша  уште славна страница во кратката, но исклучително успешна историја во последните 7 години. Се разбира, тоа е и успех за бугарскиот клупски фудбал, кој ќе има подобар коефициент.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO