Фото: БТА

Според податоците на истражувањето на „Колиeрс Интернешнл“, нарачано од Бугарската агенција за инвестиции, Бугарија е најдобро место во Европа за инвестиции во областа на автомобилската индустрија.

Ова го соопшти денеска извршниот директор на агенцијата Стамен Јанев на конференцијата за извршените активности од агенцијата за 2016 година.

Основни причини за преферирањето  на Бугарија  од инвеститорите се цената на работната сила, географската положба на Бугарија, што е еднакво блиску до клиентите и основните производителски фабрики, како и  членство во ЕУ.

Други фактори што ја претвораат Бугарија во посакувано место за автомобилско производство, се валутнияt борд и ниската цена на електрична енергија за производствени  цели.

На табелата Бугарија е  следена од Романија, Унгарија, Полска, Чешка, Шпанија, Велика Британија, а изненадувачки доста поназад се квалификуваат познатите со квалитетни автомобили земји Франција и Германија, соодветно на 9-то и 10-то место.

Во моментов 100 големи автомобилски компании подигнаа производствени бази во Бугарија, како тие се претставници на прво, второ и трето ниво добавувачи на автомобилски делови и еден производител со фабрика за монтажа. Во моментов 8 од 10 автомобили во Евпора имаат делови произведени во Бугарија.

Претпријатијата за производство на автомобилски делови се на територијата на целата земја, но нај активното производство е воЈјужна Бугарија. Тие изработуваат претежно маслени пумпи, дискови за сопирачки, чипови, интегрирани кола и климатизација за гиганти како „Мерцедес“, „Ауди“, „БМВ“ и други.

Автомобилската индустрија сочинува 3,5% од БДП на земјата. Приходите 2015 година се 1,55 милијарди евра, а во крајот на 2016 година се очекува да надминат  2 милијарди евра.

Извршниот директор на Бугарската агенција за инвестиции вели дека желбата на агенцијата е да привлече голем производител на автомобили кој да произведува автомобили целосно во Бугарија, додавајќи дека веќе има  интерес за нашата земја.

Во 2016 година сертифицираните проекти во автомобилскиот сектор се девет, на вредност од 310 милиони лева. Се очекува тие да отворат  6500 работни места во наредните четири години.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO