Вчера Русија соопшти дека открила заговор на странски шпионски служби за предизвикување хаос во банкарскиот систем на земјата

Хакери украле повеќе од 2 милијарди рубљи (31 милиони долари) од кореспондентски  сметки во Руската централна банка, пренесе Ројтерс. Службеникот на банката Артјом Сичов соопшти за загубите на прес-конференција. Тој додаде дека хакери се обиделе да извлечат 5 милијарди рубљи. Сичов коментира за распространето соопштение  на банката за хакерските напади, во кое не се соопштуваат  никакви детали.

Финансиските регулатори од неодамна ги повикуваат  банките да ги зголемат мерките за безбедност по серијата грабежи на банки ширум светот. Стравувањата од хакерски напади се зголемија по февруари, кога непознати сајбер криминалци  украле 81 милиони долари, кои централната банка на Бангладешги  држела на депозит во федералниот трезор во Њујорк.

Покрај тоа вчера Русија соопшти дека открила заговор на странски шпионски служби за предизвикување хаос во банкарскиот систем на земјата преку координиран бран од хакерски напади и лажни пораки во социјалните медиуми за  банкарски банкрот кој престои, соопштува Ројтерс.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO