Брзите избори не се добро решение за Бугарија, рече претседателот Росен Плевнелиев во „Панорама” на БНТ.

Уставот е здравиот јазол, на кој ќе стапнеме. Направив консултации со сите политички партии, а потоа и Консултативниот  совет за национална безбедност. Брзите избори во моментов не се добро решение за Бугарија. Четири од основните  парламентарни сили – ГЕРБ, БСП, ДПС и АБВ, не веруваат дека  ова Народно  собрание има некаков потенцијал и шанса за живот, па затоа треба да се врви  кон предвремени избори.

Уште во првиот ден, кога владата си поднесе оставка, посочив  дека политичка криза има. За жал се наоѓаме точно во таква ситуација во која шансата за формирање влада станува се помала. Како претседател ја носам својата голема одговорност. Некои гласови рекоа претседателот да запре тука и да остави на следниот  да доврши. Сега се очекува шефот на државата за 50 дена – до 22 јануари да запре при ситуација во која имаме владина криза, која може да прерасне и во парламентарна. По устав сите процедурални рокови ќе бидат исполнети.

Имам добар дијалог со новиот претседател и искрено му посакувам успех. Му предложив дури заедничка формула за составување на влада при споделена одговорност, бидејќи следната службена влада најверојатно ќе работи 5 месеци. Еден месец со мене, останатите 4 – со него. Му предложив, ако сака, да носам одговорност  до 21 јануари. Г-дин Радев ми се јави и рече дека претпочита варијанта  јас да си ја носам одговорноста до 21 јануари. Ќе дејствуваме така. Не треба да се сака друго од него, бидејќи тој уште не стапил на должност. Но сега сме во поспецифична ситуација – на претседателот Плевнелиев, кој си оди, и на претседателот Радев, кој ќе стапи на должност. Не сакав, но имаме службена  влада, која тропа на вратата. Радев избра варијанта да не биде заедничка  одговорноста.

Ова ќе е влада, за што јас ќе ја носам својата одговорност, а по 21 јануари – тој. На прашање на водечкиот Бојко Василев на кого ќе му го додели третиот мандат, ако и вториот биде вратен од Корнелија Нинова, претседателот одговори: Да речеме дека и вториот мандат нема да биде реализиран. Третиот мандат ќе биде и последниот во мојот мандат. Еден процент шанса може да биде,  и 100 проценти шанса. Можам да го даде на оној кој има шанса да направи влада.

Но нема како да го дадам мандатот на друг, кој ќе го стави под прашање европскиот  развој на Бугарија, членството на нашата земја во НАТО.

Нема да го даде на оние кои не можат да ме убедат дека ќе го следат она за што сум работел низ сите овие години. Со голема веројатност ќе го дадам третиот мандат на Реформаторскиот  Блок. Моето убедување е дека има уште што да се заврши во 43-тото НС. Се плашам дека во 44-тото ситуацијата може да е уште полоша. Во САД Трамп донекаде  ја легитимира идната  позиција на Русија, која да е позиција на уште поголеми амбиции.

Верувам дека иднината на Бугарија е не на Исток, а на Запад.

Среден пат едноставно не гледам. Избрав Бугарија да оди на Запад и да го има својот  европски развој.

Во Европа кризите се 11 и ниту една од нив не е решена. Затоа е добро Бугарија да стои стабилно.

Изборот на Бугарија е изборот на Левски, на будителите, на револуционерите, на оние кои ги вградиј  европските вредности во темелите на третата бугарска држава. Сè друго е национално предавство.

Составувањето на оваа  службената влада е исклучително тешка задача.

Уште повеќе станува јасно дека одиме кон две службени влади. Јас не го сакав, а и никој не може да ме обвини дека одам кон некој тажен рекорд да составувам  3 службени влади во мојот мандат. Службената влада, назначена  од мене, нема да прави избори. Ќе ги прави службената влада, назначена  од Радев. НС продолжува да работи, но во него веќе сите се во опозиција. Видете ги министрите кои ги назначив  во претходните две службени влади. Млади луѓе, студирале во странство.

Видете ја една Илиана Цанова – двапати вицепремиер на Бугарија. Нема да биде лесно, но ќе се заблагодарам на секој кој од трибините, од телевизиските студија помогне.

Плевнелиев категорично негира дека стремежот му е да стане еврокомесар по завршувањето на мандатот.

Како си замислувате дека службената влада, назначена од мене, ќе ме назначи за еврокомесар. Тоа е апсолутен конфликт на интереси. Апелирам до премиерот Бојко Борисов да донесе одлука и да избере човек, бидејќи од 1 јануари треба да се номинира еврокомесар.

По крајот на мандатот Плевнелиев објасни дека останува посветен на европскиот и демократскиот развој на Бугарија, ќе биде активен и кај нас, и надвор. Држам  да бидам корисен до последниот ден.

Не ме интересира позицијата на еврокомесар. Јас сум претседател, а не кандидат за еврокомесар.

Тешко е во политиката некој да чуе убав збор. Сакам да се заблагодарам на 43-тото  НС, бидејќи измина голем пат. Економијата оди нагоре, невработеноста е на најниски нивоа. Некоректна  е оценката дека сме се скарале со премиерот.

Одиме во еден синхрон, иако се надевав дека ГЕРБ ќе се обиде да формира влада.

Се гордеам што работев со Борисов, ќе работиме добро до последниот ден.

Можеби според иронијата на судбината  ќе си заминеме и заедно. Ќе видиме што ќе се случи. За референдумот организиран од „Шоуто на Слави”, Плевнелиев објасни дека тој исто така учествувал во референдумот и ги повикал бугарските граѓани исто така да го стори тоа. Но тоа не значи дека не сум гласал совестно. Јас сум за задолжителното гласање, но не за мнозински систем на  гласање.

Според мене тој нема да доведе до ништо добро во Бугарија. Ако се брза, тоа ќе биде со трагични последици. Не му посакувам  на ген. Радев да прави избори со  службената влада со промени, пишувани на колено, набрзина, со некакви сценаристи. Кога едни сценаристи го хулат Уставниот суд, ја кинат сликата на државниот глава, не е добро. Тие може да се кажат  дека штом народот рекол дека сите треба да носат зелени гаќи, така треба да биде. Што се случува со оние кои носат сини. Така почнуваат големите драми во едно општество. Има проблем и тој не смее да биде заметен  под масата. Пратениците треба да имаат во предвид  што ќе се случи ако се потчинат на диктатот на улицата.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO