Изјава за медиуми
Радмила Шекеринска, носителка на кандидатска листа во ИЕ5
Битола 03.12.2016

Денеска сме со граѓаните на Битола повторно и ќе бидеме заедно тука на вечерашниот голем митинг, на којшто ќе зборуваме за нашиот План за живот во Македонија и за сето она што планираме да го промениме и направиме по 11 Декември.

Планот за живот во Македонија значи дека ќе има живот, ќе има шанси, ќе има правда за сите, и затоа денеска на овој митинг како и низ цела Македонија, ќе бидеме заедно, без разлика на политичка, етничка, без разлика на верска припадност, таква Македонија ќе градиме.

Македонија којашто ќе им припаѓа на сите, која ќе создава еднакви шанси за сите и која на секој ќе му нуди шанса за подобар живот. Веќе не поминуваат лагите, не поминуваат стравувањата и опасностите коишто ги шират Груевски и Милошоски. Веќе не станува збор за страв којшто со години а особено во текот на кампањата со денови го создаваа помеѓу граѓаните на Република Македонија.

Токму изминативе денови паднаа во води сите негови тези за федерализација, за двојазичност, којшто беа само во нивната глава. Ги демантираше нивниот омилен партнер Артан Груби од ДУИ којшто им порача дека УЧК веќе бил во Сообранието, дека УЧК веќе ја раководел владата.

Всушност, со сите овие лаги којшто Груевски ги ширеше за федерализација, се покажа неговиот страв од друго нешто, а тоа е стравот од конфискација на криминално стекнатиот имот. Тој се плаши заради тоа што знае дека ќе има одговорност за сето она што го стори, украде и злоупотреби во изминативе 10 години.

Ќе има одговорност за криминалот, ќе има одговорност за корупцијата, ќе има конфискација на криминалнотот секнатиот имот. После 11 Декември ќе обезбедиме правда за да има живот за сите.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO