Добар ден,

Еве сме во Гостивар од срцето на Македонија. Да му соопштиме на Никола Груевски дека каменот му дојде од близу. Неговиот коалиционен партнер ги сруши сите црни сценарија што ги пропагира низ Македонија во изминативе денови.

Паднаа во вода сите лаги, сите лаги и интриги, сета црна кампања за некаква си федерализација, кантонизација на Македонија. Од неговиот коалиционен партнер всушност беше соопштено провидното сценарио. Беше соопштено дека УЧК раководи со македонските институции. Дека УЧК го воведува албанскиот јазик на територија на цела Македонија.

Со ова во целост се сруши црната кампања на Никола Груевски. За 10 дена од сега граѓаните ја земаат судбината во свои раце. Граѓаните на оваа коалиција, на Никола Груевски, ќе му порачаат нема никаква федерализација и кантонизација, но ќе има конфискација!

Ќе плати Никола Груевски за секое евро кое што го откина од нашите граѓани. Ќе плати Никола Груевски за секоја мајчина солза исплачена навечер за децата коишто заминаа. Ќе плати Никола Груевски за секоја непреспана ноќ во странство на нашите граѓани.
Од овде, од Гостивар порачуваме: Единствена Македонија, сплотени граѓани се иднината наша, иднината на нашите деца. Овде сме да го прошириме животот во Македонија!

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO