За време на блудството момчето била под дејство на дрога

Синот на српски политичар силуван од 8 мажи

Голема акција за апсење на дилери започна во Србија, откако пред 2 дена стана јасно дека син на познат политичар бил сексуално малтретиран од 8 мажи.

Насилниците распостранувале  екстази и опијати кои ја замајувале  жртвата, за да биде силувана, објави српскиот весник „Курир“, а цитиран од  „24 часа“.

Минатата недела е уапсена друга група, осомничена за продажба на синтетичка дрога, со помош на која се претпоставува дека е силуван син на познат политичар во северниот  сосед.

18-годишното момче е нападнато од осум мажи, за кои се претпоставува  дека сите индивидуално имале сексуален контакт со него, кој не бил на доброволна основа. За време на силувањето момчето била под дејство на дрога.

Напаѓачите го разбиле неговиот профил на социјалните мрежи и продолжиле да му се закануваат, за да не ги издаде. Тие се обиделе дури да  извлечат и материјална корист од момчето, но тој кажал  на татка си, кој веднаш дал сигнал во полицијата.

На крајот групата која била уапсена минатата недела, за распостранување  на дрога, нема никаква врска со силувањето и сеуште се бараат напаѓачите. Во моментов, сепак се испитува дали приведените не ја  продале дрогата која ја  користеле мажите што го силувале момчето.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO