
Барањата за бугарско државјанство се бавеле, рече Екатерина Захариева
Раководителот на дирекцијата за бугарско државјанство во Министерството за правда Катја Матевам е отстранета од позицијата.
Ова го изјави министерот за правда во оставка Екатерина Захариева за време на парламентарната контрола, пренесоа агенциите.
Матева е остранета поради сомневања за нерегуларности, за кои има постапка пред инспекторатот на институцијата , прецизира Захариева.
Таа додаде дека барањата за бугарско државјанство се бавеле, се враќале уверенија, не се исполнети и судски решенија.
Против Матева е подигната дисциплинска постапка.
