Да си го вратиме животот, резервен немаме!
„Народот е разбуден, како котел врие цела Македонија. Народот го чека 11-ти декември за да си ги врати слободата и демократијата, за да си го врати животот во Македонија. А Валандово вечерва е уште една потврда за тоа. Уште една потврда за голема победа“ рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на митингот во Валандово.
На сите што се уште молчат тој им упати охрабрувачка порака да не се плашат од злосторничката банда на Груевски и да се вклучат во борбата за живот. Посебно им се обрати на луѓето од ВМРО ДППМНЕ и им порача дека тие не се виновни, туку само неколкумина од врвот на партијата.
Тој и од митингот во Валандово го повика Груевски да не се плаши и да излезе на дуел, очи в очи да разговараат за економијата, за младите, за вистината во Македонија.
Претседателот Заев ги повика валандовчани да не се плашат и со кренато чело на 11-ти декември да му кажат збогум на Груевски и сите заедно да си го вратиме животот затоа што тој е само еден-резервен немаме.
Заев пред валандoвчани вети дека Планот за живот ќе биде учебник за секој член на идната власт која гарантира достоинствен живот за сите во Македонија.