Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) договори намалување на производството и на приносите на нафта за прв пат од 2008 година Како резултат на договорот цените на нафтата скокнаа со 8% за само неколку часа.

Одлуката беше донесена во средата вечерта во Виена. Договорот цели намалување на прекумерното производство  на нафта.

По шестчасовен состанок во австриската престолнина на прес-конференција претседателот на ОПЕК Мохамед Салех ал-Садат најави дека производството ќе се намали со 1.2 милиони барели на ден од јануари 2017 година ОПЕК ќе произведува вкупно по 32,5 милиони барели на ден.

Заедно со намалувањето на производството и приносите на нафта од земјите во ОПЕК, земјите надвор од организацијата се очекува да го намалат производството до 600 000 барели на ден.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO