Премиерот во оставка Бојко Борисов ќе биде во еднодневна посета на Унгарија во среда.

Борисов ќе биде во Будимпешта, на покана на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во рамките на посетата двајцата ќе одржат средба на која ќе разговараат за прашања од агендата на Европската унија.

Унгарскиот премиер ќе го удостои бугарскиот премиер со орденот „Голем крст за граѓански заслуги“ на официјална церемонија во Парламентот на Унгарија. Наградата е една од најпрестижните, а во хиерархијата е втората највисока, која може да се дава од унгарската држава.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO